Нова истрага: Авионот на Сала ќе го бараат под вода

Започната е нова истрага за урнаиот авион во кој се наоѓаше Емилијано Сала и пилотот. Како што известува британски „BBC“, јавна агенција за авионски несреќи, во соработка со уште една приватна агенција утринава започнаа истрага под вода, и нема да прекинат сѐ додека не се најде авионот или барем она што останало од него.

Истрагата ќе се одвива на последната позната локација на авионот пред да му се изгуби секаква трага. Малиот авион Пајпер ПА-46 со кој Сала се враќаше од Нант кон Кардиф, исчезна во Англискиот канал (Ла Манш). Неколку дена интензивно траеше потрагата по двајцата патници, но неуспешно.

Истрагата на јавната агенција ќе трае три дена, додека приватната потрага ќе продолжи сѐ додека не се најде авионот.

Официјалната потрага беше прекината откако е констатирано дека шансите да преживеат се минимални.

- Оглас -

Најнови вести