Само еден ден откако полицијата во Неапол го пронајде украдениот автомобил на фудбалерот на Наполи, Хвича Кварацхелија, стигна информација за нова кражба, овојпат украден е автомобилот на сопругата на Кореецот Ким Мин Јае.
Колата на госпоѓа Ким, од марката ФИАТ 500, била паркирана на улица, во близина на домот на дефанзивецот на Наполи.
Истражителите и обвинителите сакаат да знаат дали ова се изолирани случаи, или станува збор за организиран напад врз клубот Наполи кој вечерва игра дерби од Серија А против Аталанта.
Сепак, двете кражби се сосема различни, на Кварацхелија криминалците му влегоа дома и му го украдоа клучот, па од дворот му го изнесоа автомобилот, додека возилото на сопругата на Ким било „на повелете“ на улица незаштитено на дождливо време.