Нова легендарна изјава на Мурињо: Тие работат како животни, со должна почит кон животните

Тотенхем на свој терен со 2:0 го победи Арсенал во големото лондонско дерби, што беше доволно тимот на Жозе Мурињо да остане лидер на табелата. Јунаци за тимот на Тотенхем беа Хари Кејн и Кореецот Сон. Двајцата постигнаа по еден гол и по еднаш си асистираа. Токму овие двајца играчи се и најпродуктивните во Тотенхем сезонава, а тоа го знае и Мурињо.

Португалскиот стратег сакајќи да ги пофали Кејн и Сон даде необична изјава.

„Тие работат како животни, со должна почит кон животните. Јас сакам животно, некој да не ме сфати погрешно. Тие двајца работат најмногу кога е најпотребно за тимот. Двајцата се одлични момци и професионалци кои едноставно го даваат максимумот за тимот“, рече Мурињо.

https://twitter.com/i/status/1335660707254308865

 

- Оглас -

Најнови вести