Машката фудбалска репрезентација на Македонија и на најновото рангирање на ФИФА се наоѓа на 72-рото место на светот.
Победата над Ерменија и нерешениот резултат против Фарски Острови придонесоа Македонија да има 2,55 поени повеќе од претходното рангирање, но тоа не значеше напредок на листата. Пред нас на 71-вото место е Исланд со четири поени повеќе, а имаме 12 поени предност пред Северна Ирска, која е 73-та.
На врвот, во топ 10 нема промени. Прва е Аргентина, втора Франција, трета Шпанија, а понатаму следуваат Англија, Бразил, Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија.
Следното освежување на рангирањето ќе биде во октомври.