Нова листа на Трансфермаркт, најскапи фудбалери на светот се Винисиус и Халанд

Порталот за фудбалска статистика Трансфермаркт го ажурираше рангирањето на најскапите играчи во светот.

Сега првото место го делат напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд и крилото на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор. Нивната вредност се проценета на 200 милиони евра.

Потоа на листата следуваат реаловците Килијан Мбапе и Џуд Белингем со по 180 милиони евра, па Ламин Јамал (Барселона) и Фил Фоден (Манчестер сити) со вредност од по 150 милиони евра.

Во првите десет најскапи играчи во светот влегуваат и Букајо Сака (Арсенал, 140 милиони евра), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен, 130 милиони), Џамал ​​Мусијала (Баерн, 130 милиони), Федерико Валверде (Реал Мадрид, 130 милиони) и Родри (Манчестер сити, 130 милиони).

Над 100 милиони вредат и Деклан Рајс, Родриго, Лаутаро Мартинез, Мартин Одегард, Едуардо Камавинга, Орелиен Чуамени и Хари Кејн. Веднаш под нив се Гави, Кол Палмер и Рафаел Леао.

- Оглас -

Најнови вести