Нова маестрална партија на Јокиќ за победа на Денвер, Кливленд останува максимален (Видео)

Никола Јокиќ со нов трипл-дабл го предводеше Денвер до уште една победа, овојпат против Мајами на домашен терен со 135-122. После спориот старт на сезоната со два врзани порази, кошаркарите на Денвер се разбудија, па сега имаат ефект од шест победи и три порази.

Кошаркарите на Денвер победата ја најавија уште во првата четвртина, кој ја добија со убедливи 40-27, па до крајот иако имаа позитива само уште во третиот период (33-30), сепак и ова беше доволно за триумф. Јокиќ го заврши мечот со 30 поени, 11 скока и 14 асистенции.

 

Екипата на Кливленд останува единствената со максимален учинок од 10 победи на исто толку натпревари, откако на домашен терен славеше над Голден стејт со 136-117.

Резултати:

Шарлот – Индијана 103-83
Детроит – Атланта 122-121
Орландо – Њу Орлеанс 115-88
Бостон – Бруклин 108-104 (94-94)
Кливленд – Голден стејт 136-117
Далас – Феникс 113-114
Њујорк – Милвоки 116-94
Мемфис – Вашингтон 128-104
Оклахома – Хјустон 126-107
Денвер – Мајами 135-122
Минесота – Портланд 127-102
ЛА Лејкерс – Филаделфија 116-106
Сакраменто – ЛА Клиперс 98-107

- Оглас -

Најнови вести