Нова магична ноќ на Меси, го спаси Интер Мајами од пораз и го одведе во четвртфинале (Видео)

Лионел Меси стигна до бројката од седум голови во својот четврти натпревар за Интер Мајами откако синоќа со два погодоци му помогна на својот клуб да се пласира во четвртфиналето на Лига купот на Северна Америка.

Далас и Интер Мајами одиграа спектакуларен натпревар, кој заврши нерешено, 4-4, а победникот беше решен по изведувањето на пеналите.

Аргентинецот го отвори резултатот во шестата минута со прекрасен погодок од дистанца.

https://twitter.com/MCFC_TITUS/status/1688399235148836864?s=20

Следуваше комплетен пресврт на Далас и водство од 3-1, а потоа и од 4-2. Во 85-тата минута Меси постигна уште еден фантсастичен погодок од слободен удар за израмнување на 4-4.

https://twitter.com/BleacherReport/status/1688392576997421056?s=20

Интер Мајами ја доби пенал-серијата со 5-4 и обезбеди пласман во четвртфиналето.

https://twitter.com/MundoAlbicelest/status/1688395907853643776?s=20

- Оглас -

Најнови вести