Манчестер сити без никакви проблеми победи на гости кај Саутхемптон со 4:1 и граѓаните потврдија дека ја продолжуваат трката за титулата во Премиер лигата. Домаќините успеваа речиси цело полувреме да одолеат на нападите на фаворитот, но во 45 минута, по еден центаршут на Кевин де Брујне, мајсторот за погодоци, Ерлинг Халанд погоди за 1:0.
DE BRUYNES 100TH ASSIST TO ERLING HAALAND GOALL COME ONNNNNNNpic.twitter.com/F82ZMHnwx1
— 17 (@DxBruyneSZN) April 8, 2023
За Де Брујне ова беше јубилејна 100-та асистенција во Премиер лигата и стана само петти фудбалер во историјата на оваа лига со троцифрен број на додавања за погодоци. Меѓу играчите кои имаат преку 100 асистенции се Рајан Гигс (162 асистенции), Сеск Фабрегас (111), Вејн Руни (103) и Франк Лампард (102 асистенции).
Сити продолжи да напаѓа и во вториот дел, па Џек Грилиш погоди за 2:0 во 58 минута, а 10 минути подоцна повторно блесна Халанд кој постигна фантастичен погодок за 3:0.
Саутхемптон намали на 1:3, но фаворитот веднаш возврати со нов погодок и стигна до 4:1. Со оваа победа Сити стигна до 67 бодови од 29 меча, па сега е само на пет бода зад лидерот Арсенал кој освои 72 бодови од 29 средби.