Репрезентацијата на Мароко со 2:1 славеше против Малави во осминафиналето на Африканскиот куп на нациите.
Иако државата со далеку помала фудбалска историја најави евентуално изненадување и поведе со голот на Габадињо Мханго во седмата минута, сепак фаворитот израмни преку Јусув ел Несири во последните мигови пред заминувањето на одмор.
Сепак, најубавиот и најфудбалскиот момент на средбата дојде во 70-тата минута, кога Ашраф Хакипи постигна уште еден прекрасен гол од слободен удар.
Бекот на ПСЖ веќе втор натпревар за својата репрезентација постигнува идентичен гол неодбранлив за голманите.
Во четврт-финалната фаза Мароко ќе го чека подобриот од големото дерби меѓу Египет и Брегот на Слоновата Коска, меч кој е закажан за утре од 17:00 часот.
OMG ANOTHER HAKIMI FREE-KICK GOAL TO PUT MOROCCO IN THE LEADpic.twitter.com/8d2zODnmob
— 🇨🇩🇸🇱 (@F1avs) January 25, 2022