Трагичната смрт на младата италијанска одбојкарка Јулија Итума, повторно е обвиткана со мистерија.
Речиси сигурно е дека Итума сама си го одземала животот со скокање од шестиот кат во хотелот во Истанбул, но уште не се знае зошто го сторила тоа. Снимена е како долго разговара на телефон и плаче во ходникот, а потоа влегува во соба. Нејзината цимерка не слушнала ништо.
Сега се појавуваат нови збунувачки детали. Мајката Елизабет, го земала телефонот на Јулија, и видела дека е празен, избришани биле сите текстуални пораки, именикот, дури и WhatsApp апликацијата. Мајката верува дека турската полиција има копија од содржината на телефонот и компјутерски истражува, но се чуди зошто сè е избришано.