Нова операција го чека Ансу Фати, има рок до утре да одлучи

Големиот талент на Барселона, Ансу Фати нема среќа со повредите и по трите операции на коленото и долгата пауза, повторно се повреди, па веројатно ќе мора на нова хируршка интервенција.

Сега во прашање е тетивата, а од Барселона во разговор и со неговите родители на Фати му е предложено да се оперира во Финска, кај познатиот хирург, Ласе Лемпаинен, кој го оперираше успешно Усман Дембеле.

Опција за Ансу да мирува и на тој начин да се залечи тетивата, за да се избегне нова операција, но тоа е ризично, па веројатно е дека ќе го послуша советот на медицинскиот тим на Барса.

Фати се повреди пред десеттина дена на мечот меѓу Барселона и Атлетик Билбао во шпанскиот куп и ако оди на операција речиси сигурно ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Претходно поради операциите на коленото 19-годишниот напаѓач паузираше од ноември 2020 година до септември следната година, или речиси цела година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести