Нова победа на македонските ракометари

Еден од најдобрите тимови во Србија, Динамо Панчево, беше квалитетен спаринг партнер за машката сениорска репрезентација на Македонија, па после три полувремиња на контролата во Стара Пазова, Црвено-жолтите победија со 51-46, додека по 60 минути игра резултатот беше 35-30.

Ова беше добра проверка за тимот на селекторот Кирил Лазаров кој се подготвува за настап на Светското првенство во јануари во Вараждин, Хрватска.

Претходно Македонија на првата контролка го победи Нови Београд со 85-44, а задутре следува дуел со селекцијата на Саудиска Арабија. Потоа тимот за празниците се враќа во Македонија, по што заминува за Хрватска каде ќе одигра силен пријателски меч со Хрватите како последна проверка на формата пред мечевите на СП.

На Мундијалот, Македонија е во група со Холандија, Унгарија и Гвинеја.

- Оглас -

Најнови вести