Ракометната репрезентација на Македонија и вторпат ја совлада Грција, овој пат со минимални 29-28. Натпреварот кој беше од затворен карактер и без присуство на публика се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, а избраниците на селекторот Кирил Лазаров, во текот на целиот меч диктирале темпо. Македонија после првото полувреме имаше водство од 15-12.
Двајцата селектори натпреварот го искористија да воиграат тактички варијанти пред почетокот на Европското првенство во Германија, кое за нас започнува веќе в среда со дуел против Франција во Дизелдорф.
Денешната победа значи дека Македонија три победи на трите контролни дуели и со победничка атмосфера патува на континенталниот шампионат, откако пред нова година во српскиот град Стара Пазова ја совладавме Црна Гора со 39-37, а вчера славевме и против Грција во Скопје со 33-30.