Нова победа за У-21 селекцијата на Македонија

Со победата од 2-1 против Молдавија попладнево во Скопје, за фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 години, обезбедено е четвртото место во групата од квалификациите за Европското првенство.

Бехар Фета кој игра за словенечки Домжале, беше стрелец на водечкиот гол, и тоа во раната фаза од мечот, во 11-тата минута. Победата беше обезбедена кога Беким Камбери од Струга Трим Лум даде убав гол со шут од далечина во 94-та минута. Гостите намалија во последните моменти од средбата.

За избраниците на Драган Канатларовски, ова е четврта победа во девет кола, а во деветте меча постигнаа само седум голови од кои четири на последните две средби. Во последното коло Македонија гостува кај Грузија.

 

- Оглас -

Најнови вести