3003 Јувентус – Рома (18:30 часот, Серија А)
Десеткуваниот Јувентус има намера веќе во третото коло да го расипе перфектниот старт на Рома, која пак во вечерашното дерби нема да смета на клучните Ѕаниоло и Вајналдум. И Алегри е без неколку важни играчи, како Погба, Ди Марија, Бонучи и Кјеза, па прашање е колку ќе биде квалитетна пресметката на „Алијанц“ во Торино.
Бјанконерите се во позитивен скор од 3-1 во победи на последните пет меѓусебни средби, односно од август 2020 година Рома се нема радувано на гостински триумф против Јуве. Она што може да се заклучи од тие пет последни средби, е дека голови речиси сигурно ќе има вечерва, бидејќи само на еден дуел од споменатите пет немало повеќе од два погодоци.
Предлог тип: ГГ3+ (2.40)
1007 Арсенал – Фулам (18:30 часот, Премиер лига)
Намерата на Топчиите е да продолжат со низата победи и во четвртото коло, во кое избраниците на Артета ќе треба да го надиграат повратникот Фулам во малото лондонско дерби. Фулам веќе се покажа како трвд орев против една од екипите од топ 6 рангот, ремизираше со Ливерпул во воведното коло, но попладнево ќе имаат помали шанси за таков резултат.
Арсенал со неприкосновена статистика цели на нови три бода, никогаш нема загубено премиерлигашки меч од Фулам како домаќин, па нема причина тоа да се смени денес.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.76)
1807 Баерн Минхен – Борусија Менхенгладбах (18:30 часот, Бундеслига)
Шампионот безмилосно гази сè пред себе во новата сезона и веќе има учинок од 15 гола и само еден примен во три првенствени меча. На ред е и Гладбах да ја почувствува моќта на Баварците, кои пак целат на реванширање за поразот на домашен терен од минатата сезона.
Од последните пет гостувања, Гладбах двапати успеа да мине непоразен, споменатиот триумф од лани со 2-1, и едно реми од 1-1, но знае Баерн да брои и до шест кога игра со незгодниот противник.
Предлог тип: 1 & 2+I (2.08)
1304 Рајо Валјекано – Мајорка (19:30 часот, Ла Лига)
Главната мисија на Столе Димитриевски е и во третиот меч во низа да не прими гол. Македонскиот голман е во одлична форма и не би требало да ја вади топката од својата мрежа во мечот против една од екипите на кои им се предвидува испаѓање од елитата.
Рајо само еднаш во последните пет меѓусебни дуели ја има сочувано мрежата, таман Столе вечерва ќе се разбрани и ќе се разбие тој податок, иако на четири од нив редовно се погодувал типот ГГ3+.
Предлог тип: 1 сигурна (3.0)
1703 Ленс – Рен (21 часот, Лига 1)
Ленс е пријатното изненадување засега во францускиот шампионат, особено по нивниот триумф од 4-1 на гостувањето кај Монако во минатото коло. Со седум од максимални девет бода тргна Ленс во сезоната за место при самиот врв на табелата, па намерата е таму да се остане и по вечерашната средба со Рен.
Рен од 2015 година нема славено гостински триумф кај ова екипа, односно Рен неколку сезони не беше дел од елитата, а кога се врати успеа двапати да го одбрани домашниот терен. Ако се гледаат последните пет дуели, Ленс има подобар учинок до 2-1, а во два наврати се делеле бодовите, со потенцирање дека на ниеден од нив немало повеќе од два гола, па можно е тоа да се промени вечерва.
Предлог тип: 1+I & 3+ (1.96)