Нова премиерлигашка драма, Челзи направи нешто што не е видено девет години

Откако се посрамоти со лоша одбрана во првите 30 минути по кои губеше со 0-3, екипата на Челзи сепак се спаси од пораз на гостувањето кај ВБА и извлече 3-3. Изедначувачкиот гол за Сините беше дело на Тами Абрахам во 93-та минута, а голот беше малку и спорен, поради претходно можно играње со рака на Каи Хаверц. Сепак, од ВАР не се огласија и голот беше признат.

Дека Челзи не се предава, најави Маунт со убав гол во 54-та минута, во 70-та минута Хадсон Одои намали на 2-3, Челзи силни притискаше и во третата минута од судиското продолжение освои бод. Неуспешно деби во Премиерлигата имаше Тијаго Силва кој доби привилегија да ја носи и капитенската лента, но не ја оправда и во 73-та минута беше повлечен од игра.

Последен тим во Премиерлигата кој останал непоразен после негатива од 0-3 по првите 45 минути, бил Вест Хем во февруари 2011 година. Челзи во претходните две ситуации кога губел со 0-3 по 30 минути игра, имал убедливи порази, но не и овојпат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести