Нова приспивна на Мундијалот – Велс и Иран се мачат за погодок, петти меч по ред во Катар нема гол по првото полувреме (Видео)

Велс и Иран одиграа без голови по првото полувреме и сега веројатно на Мундилаот во Катар има серија што никогаш ја немало на Светските првенства.

Ова е петти меч по ред без погодок во првото полувреме откако вчера сите четири меча по првите 45 минути завршија без голови.

Иран ја имаше најголемата шанса да поведе и кога се чинеше дека Азмун ќе погоди во 15-tata минута во ситуација еден на едeн со голманот на Велс, тој се одлучи да го проигра Голизадех, кој даде гол но беше во офсајд.

Таа ситуација што беше најчиста за гол во првото полувреме можете да ја погледнете ОВДЕ.

Иранците беа малку поконкрентни во првиот дел и имаа подобри позиции за гол, но шанси имаа и Велшаните, а најдобрата ја промаши Кифер Мур во 12-тата минута.

Тој момент и шансата на Мур можете да ги погледнете ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести