Нова сензација на ЕП: Хрватска откако ја растури Шпанија, киксна со Австрија, Унгарија ја изненади Србија

Репрезентацијата на Хрватска откако фантастично го отвори Европското ракометно првенство и буквално ја растури Шпанија во првото коло, направи неочекуван кикс на вториот натпревар и одигра само нерешено против аутсајдерот Австрија, 28-28.

Хрватите беа далеку од нивото од пред два дена и во текот на целиот натпревар се мачеа против Австрија, а на крајот и не успеаја да ја сочуваат предноста која ја имаа. Репрезентативецот на Австрија, Билик со седум голови беше најдобар на мечот.

Изненадувачки пораз доживеа и репрезентацијата на Србија, која после одличната игра против Исланд во првото коло, вечерва неочекувано загуби од Унгарија со 28-27 и сега шансата за пласман во следната фаза ќе ја бара во последното коло и дуелот против соседот Црна Гора.

- Оглас -

Најнови вести