Италијанскиот тенисер Лоренцо Сонего приреди голема сензација со елиминацијата на седмиот носител на Ролан Гарос и тоа на спектакуларен начин.
Сонего кој е 48-ми на АТП ранг-листата по три часа и 45 минути игра, во пет сета со 5:7,0:6,6:3,7:6,6.3 го елиминира седмиот носител Андреј Рубљов, иако ги загуби првите два сета.
https://twitter.com/i/status/1664641418726342656
Русинот релативно лесно ги освои првите два сета и кога сите помислија дека ќе ја заврши работата во следниот сет, Сонего приреди сензација, успеа да се врати од бездната и на крајот да слави. Со победата над Рубљов, Сонего му направи услуга на Новак Ѓоковиќ кој во моментиве го игра својот меч против Давидович Фокина.
https://twitter.com/i/status/1664636130375991297
Според ждрепката, проектирано четврфинале беше Рубљов – Ѓоковиќ, но по сензацијата на Сонего, на Новак му се отвора патот до очекуваната мега пресметка со Карлос Алкарас во полуфиналето.
Во женска конкуренција,втората носителка Арина Сабаленка, за само 68 минути игра, со 6:2,6:2 ја победи Русинката Рахимова.
Пласман во осминафиналето обезбеди и Анастасија Пављученкова која во три сета со 4:6,6:3,6:0 беше подобра од Анастасија Потапова.