Нова сезона во Ф1 со стари навики: Ферстапен ја освои пол позицијата во Бахреин

Макс Ферстапен ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за Големата награда на Бахреин, со која стартува новата сезона во Формула 1 шампионатот. Актуелниот Ф1 првак имаше најдобро време на денешните квалификации на патеката во Бахреин и на крајот заврши со време од 1:29.179 минута.

Веднаш со Ферстапен, од првата стартна линија, но од второто место ќе биде возачот на Ферари Шарл Леклер кој заостана за 228 илјадитинки. Зад најбрзите двајца ќе следуваат Расел, Саинц, Перес, Алонсо, Норис, Пиастри, Хамилтон, Хулкенберг.

- Оглас -

Најнови вести