Нова снимка на која се покажува како Нанали тргнува да се тепа со навивачи на Црвена ѕвезда (Видео)

Црвена ѕвезда го победи Партизан со 91:78 и намали на 1:2 во победи во финалето на АБА-лигата. Дуелот во салата „Александар Николиќ“ беше полн со тензии и неколку пати имаше и прекини поради инцидентите кои се случија.

Уште пред да почне дуелот, се случи хаос кога кошаркарите на двата тима мораа да се вратат во соблекувалните откако на теренот беа фрлени многу меки и тврди предмети.

Дека и гостинските кошаркари имаа заслуга за тензичноста, покажува и фотографијата на која Јам Мадар покажува со среден прст кон фановите на Црвена ѕвезда, а на најновото видео кое се појави, Џејмс Нанали дури тргна да се тепа со фановите на ривалот. За среќа, брзо реагираа редарите и не дозволија да се случи многу поголем инцидент.

Утре се игра четвртиот меч од финалната серија, а Црвена ѕвезда повторно е домаќин.

https://twitter.com/i/status/1670543525690089478

- Оглас -

Најнови вести