8.8 C
Skopje
понеделник, 23 февруари 2026

Нова техника за изведување пенали: Голманот не ни трепна, а топката веќе беше во мрежата (Видео)

На мечот од Паулиста првенството во Бразил се случи несекојневно изведување на пенал. Мечот од четвртфиналето помеѓу Португеса и Коринтијанс заврши нерешено, 1-1, па се изведуваа пенали, а Масејо во петтата серија буквално го „сликна“ голманот на Коринтијанс.

Тој го изведе пеналот од место, а голманот на Коринтијанс не ни трепна, а топката веќе беше во мрежата. Сепак, на крајот Коринтијанс се радуваше на победата и обезбеди место во полуфиналето.

 

- Оглас -

Најнови вести