Кошаркарите на Мајами хит славеа на гостувањето во Тексас против Хјустон рокитс со 104:100, а мечот ќе се памети по тепачката пред крајот. Инцидентот се случи на 35 секунди пред крајот, кога во клинч влегоа Амен Томпсон и Тејлор Хиро. Играчот на Мајами буквално беше фрлен на паркетот, па веднаш реагираа повеќе играчи и се случи мешаница. За среќа, страстите брзо се смирија и немаше повредени.
Hubo pelea en Houston-Miamipic.twitter.com/V9jP38EXZn
— Isolation (@IsolationNBA) December 30, 2024
Најдобар кај Мајами беше токму исклучениот Хиро со 27 поени, додека Јовиќ постигна 18. Кај домаќините најефикасен беше Брукс со 22 поени, а доминираше и Сенгун со 18 поени и исто толку скокови. Хјустон е трет на Западот со 21 победа и 11 порази, а Мајами е на шестото место на Истокот со скор од 16 победи и 14 порази.
Ова беше втора тепачка на НБА-терените само во три дена, откако претходно се „закачија“ Нуркиќ и Маршал.
Индијана го изненади Бостон и го победи на гостински терен со 123:114. Кошаркарите на Бостон едноставно немаа своја вечер и промашија дури 38 шутеви за три поени, па поразот на актуелниот првак беше неизбежен.
Во останатите мечеви кои се играа во НБА: Торонто – Индијана 107:136, Оклахома – Мемфис 130:106, Минесота – Сан Антонио 112:110, Орландо – Бруклин 102:101.