Неколку дена по објавувањето на распоредот за сезоната 19/20 во Премиер лигата, обелоденета е и новата топка која ќе се тркала по фудбалските терени во најелитната англиска лига. Дизајнот на „Најки“ е сосема различен од претходно. Нормално, површината е бела, додека розевата боја ја прави разликата во изгледот на новата „Мерлин“ топка.
Во текот на воведниот дел од сезоната „Најки“ ќе пушти во употреба и втората топка со жолта боја која ќе се користи во случај кога натпреварите ќе се играат на снег.
Сезоната 2019/20 во Премиер лигата започнува на 9 август, со натпреварот Ливерпул – Норвич на „Енфилд“ во 21 часот.
https://twitter.com/SkySportsPL/status/1140193027169882114