Нова трагедија во Катар, почина уште еден медиумски работник

Само еден ден откако фудбалскиот свет беше шокиран од веста за смртта на американскиот новинар Грант Вол, во Катар почина уште еден медиумски работник.

Фотографот на катарската телевизија „Ал Кас“, Калид ал-Мусалам починал додека известувал за настаните од Светското првенство во својата татковина.
Засега не се соопштуваат повеќе детали за смртта на Ал-Мусалам, само дека фотографот починал ненадејно.

Претходно, Вол почина под сè уште неразјаснети околности откако му се слоши при изведувањето од натпреварот меѓу Аргентина и Холандија.

- Оглас -

Најнови вести