Исланд претрпе уште еден трагичен пораз на Европското првенство, а загубија од Норвешка во битката за настап на Мундијалот со погодок во последна секунда од второто продолжение.
Рајнкинд погоди во последен миг и Норвешка победи со 34:33 по две продолженија од по пет минути во битката за петтто место на ЕП.
https://twitter.com/EHFEURO/status/1487097480336625664?s=20&t=GggeF88M7w8fsruyfzh6cA
Во регуларниот дел мечот заврши нерешено 27:27, па идентично возбудливи беа и продолженијата што на крајот со многу среќа ги добија Норвежаните со голот на Рајнкинд.
https://twitter.com/EHFEURO/status/1487105427535978496?s=20&t=GggeF88M7w8fsruyfzh6cA
Норвешка ќе игра на Мундијалот во Полска и Шведска од 11 до 29 јануари идната година, а Исланд е можен ривал на Македонија во вториот бараж, ако нашата репрезентација успешна ја мине првата пречка.
Вечерва се играат двете полуфиналиња меѓу Шпанија и Данска и Франција против Шведска во битката за големото финале на ЕП.