Нова трансфер-мајсторија на Динамо – Продаваат играч за 20 милиони евра кој одигра 47 натпревари

Динамо Загреб со години наназад го држи епитетот најдобар клуб од Балканот, а продолжува да им поставува примери на останатите екипи како треба да се води еден тим во овој дел од Европа.

Хрватскиот првак покрај тоа што редовно обезбедува настапи во најелитните натпреварувања на УЕФА (оваа сезона ќе играат во ЛШ), покажува како може и добро да се заработи на трансфер-пазарот.

Овојпат тие ќе инкасираат 20 милиони евра за дефанзивецот Јосип Шутало, којшто ќе премине во редовите на РБ Лајпциг. Интересно е што овие два тима имаат добра соработка откако претходно германскиот колектив ги купи Дани Олмо (25 милиони евра) и Јошко Гвардиол (30 милиони евра), за кого се шпекулира дека наскоро би можел да стане и најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.

Шутало, кој има 22 години, одигра 47 натпревари за тимот од Загреб и во наредните часови треба да пристигне во Германија, каде што ќе ги направи лекарските прегледи.

- Оглас -

Најнови вести