Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на АТП турнирот „Србија Опен“. Најдобриот тенисер, на терените на неговата акдемија во Белград во полуфиналето беше подобар од Карен Хачанов и тоа повторно му требаа три сета, откако и овојпат го загуби првиот со (4:6).
Сепак, во наредните два, повторно не дозволи изненадување и му дозволи само три гејма на противникот за 6:1, 6:2. Во финалето, Новак ќе ја напаѓа четврттата титула, а противник ќе му биде подобриот од Фабио Фоњини и Андреј Рубљев.