Пред 18 години, на 19 мај 2002 година ракометниот клуб Кометал Ѓорче Петров од Скопје стана европски шампион во женска конкуренција и ни донесе моменти на радост и гордост. По повод титулата, Александар Митевски ја направи песната „Кометал шампионе,“ која стана химна на клубот.
Сега, на 18-годишнината од титулата, Митевски со актерот Драган Спасов-Дац решија да направат нова карантинска кавер-верзија заедно со дел од нашите шампионки кои пееја од дома. Во спотот се појавуваат дел од ракометарките кои во 2002 година се искачија на кровот на Европа.
Погледнете ја карантинската „Кометал шампионе!“: