Нова закана од Сити за Јунајтед

Играчот за врска на Манчестер сити, Кевин де Брoјне, може да се врати на теренот многу порано од предвиденото. На еден од тренинзите, Де Брoјне го повреди коленото и многумина прогнозираа дека нема да се врати на теренот до крајот на годината.

Сепак, еден од најдобрите играчи на „граѓаните“ верува дека ќе биде подготвен за настап токму за градското дерби против Манчестер јунајтед. Минатата сезона тој беше еден од најзаслужните за доминацијата на Сити во Премиер лигата. Сезоната ја заврши со осум погодоци и 16 асистенции.

„Подобар сум, но ќе треба да мирувам уште три, четири, пет недели. Се надевам дека ќе играм на дербито против Манчестер јунајтед кое е на 11-ти ноември. Сакам да му помогнам на тимот, посебно на тој меч“, рече Де Бројне.

Актуелниот првак моментно е на третото место на табелата со 13 бода и е веднаш зад перфектните Ливерпул и Челзи.

- Оглас -

Најнови вести