Нова ѕвезда во најава,15-годишен Бразилец даде гол со ножички за кој се зборува (Видео)

Младиот 15-годишен фудбалер Ендрик, кого во Бразил го нарекуваат новиот Винисиус, рано утрово даде гол за кој многу се зборува во светот. Ендрик игра за тимот на Палмеирас за играчи до 20 години, а за него се интересира Барселона.

После овој гол со ножички од надвор од 16-никот, интерес за Ендрик можеби ќе има и од други големи клубови од Европа. Талентот дефинитивно го има, а дали ќе направи голема кариера, зависи од повеќе фактори.

Ендрик сезонава даде 9 гола на 16 меча за У-20 тимот на Палмеирас, но овој синоќешниот против Оесте од Купот на Сао Пауло за младинци, е ремек дело кое вреди да се види.

- Оглас -

Најнови вести