Првиот тенисер на АТП ранг-листата, Новак Ѓоковиќ со победа го започна настапот во новата сезона и Јунајтед купот.
Новак релативно лесно, во два сета со 6:3,6:2 го совлада Жижен Женг, и по мечот повторно потсети дека во Австралија се чувствува како дома. Ѓоковиќ има рекордни десет триумфи на Отвореното првенство на Австралија и во јануари ќе ја брани титулата на првиот годинешен гранслем.
„Одлично е повторно да се биде тука во Перт. Им благодарам на сите кои се на трибините бидејќи за неколку часа ќе влеземе во Новата година. Повторно сум тука во Перт по пауза од 10 години. Австралија е моето среќно место кадешто освоив највеќе гранслем-титули“, изјави Новак Ѓоковиќ.