Новак: Да не сум од Србија, досега ќе бев кренат во височините

Новак Ѓоковиќ со победата над Данил Медведев во три сета (6:3,7:6,6:3) во финалето на Отвореното првенство на САД дојде до 24-тиот гренслем-трофеј во кариерата и му избега на Рафаел Надал, кој остана на 22, на вечната листа на освојувачи на трофеи од најголемите турнири.

По триумфот во Њујорк, Новак беше запрашан дали се смета за еден од најдобрите спортисти на сите времиња, а тој изјави дека не сака да биде тој што ќе зборува на таа тема.

„Тоа ви го оставам вам и на сите други дали сум или не сум, дали заслужувам да бидам дел од таа расправија. Фактот е еден, да не сум од Србија, пред многу години ќе бев кренат во височините, посебно во западниот свет. Но, добро, тоа е дел од мојот животен пат, благодарен сум што доаѓам од Србија и тоа ми дава верба и надеж бидејќи сево ова што го остварувам е послатко и повеќе ме исполнува. Вие пишувајте што сакате“, одговори Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести