Кошаркарите на Црвена ѕвезда стигнаа до четвртата победа во Евролигата откако на домашен терен беа подобри од Макаби тел Авив со 84:77.
Среќа на домаќините им донесе довчерашниот најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој беше присутен во салата „Александар Николиќ“ да го поддржи својот омилен тим.
И тоа и му успеа бидејќи ѕвезда доминираше во текот на целата средба, а Никола Калиниќ беше најдобриот поединец со 15 постигнати поени.
Ова беше исклучително важна победа за Црвена ѕвезда бидејќи славеа над еден од конкурентите за пласман во плејофот. „Црвено-белите“ сега се седми со скор од 11 победи и 12 порази.
View this post on Instagram