Новак е голем тенисер и уште поголем човек, по победата го тешеше уплаканиот Димитров (Видео)

Новак Ѓоковиќ денеска дојде до 40-тиот триумф на турнирите од серијата Мастерс 1000 откако во финалето во Париз со 2:0 го совлада Григор Димитров.

На бугарскиот тенисер тешко му падна поразот во финалето, и Новак покажа дека е голем човек. По завршување на мечот, Димитров седеше на своето столче плачејќи и тоа во моментите кога Ѓоковиќ се подготвуваше за шампионското интервју на теренот.

Новак веднаш дојде до Димитров и се обиде да го утеши Бугаринот.
„Сум бил во ваква ситуација и јас сум губел во финалиња. Благословен сум што повеќе пати сум победил отколку што сум загубил во финалињата. Се надевам дека ќе продолжи да игра на вака високо ниво како што играше тука во Париз и дека ќе успее да освојува трофеи од големите турнири“, изјави Ѓоковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести