Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, напорно тренира и се подготвува за Мастерсот во Индијан Велс кој започнува во вторник, на петти март. Србинот после пет години ќе настапи на овој турнир, а овој пат во САД е заедно со своето семејство.
Ѓоковиќ дури и на тренинзите имаше друштво, па додека на едниот терен Новак напорно се подготвуваше, на соседниот терен, неговиот син Стефан исто така имаше тренинг и од она што можеше да се види семејството Ѓоковиќ ќе има достоен наследник на тесниските терени.
Синот Стефан го придружуваше таткото Новак и на тренингот во салата за кревање товар, па ги повторуваше вежбите кои ги правеше неговиот татко, а Новак и тренерската екипа стрпливо му ги покажуваа вежбите на малиот Стефан.