Новак е слободен и веќе тренира: Време е за нова титула во Мелбурн!

По неколку дена малтретирање и поминати во изолација заедно со мигрантите во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ денеска конечно се најде на терените на Отвореното првенство на Австралија. Најдобриот тенисер во светот, кој има освоено девет трофеи на гренслемот во Мелбурн, сега треба да се фокусира за нов, јубилеен 10-ти трофеј на првиот гренслем во сезоната.

„Задоолен сум и благодарен што судијата ми го поништи укунувањето на визата. И покрај тоа што се случи, сакам да останам и да се натпреварувам на Отвореното првенство на Австралија. Останувам фокусиран на тоа. Дојдов тука за да играм на еден од најважните настани што ги имаме, и тоа пред неверојатните навивачи“, порача Ѓоковиќ.

Додека Новак тренира на „Род Левер арената“, неговото семејство во Белград организираше прес-конференција. Таткото Срѓан беше запрашан дали сите овие проблеми ќе имаат влијание врз Новак, а одговорот беше оригинален.

„Тие не знаат што направија. Сега му дадоа дополнителна сила. Новак ќе освои уште 10 гренслем-титули“, порача Срѓан.

- Оглас -

Најнови вести