Новак е тажен и повлечен во себе

Поминаа четири дена откако најдобриот светски тенисер,Новак Ѓоковиќ беше дисквалификуван од Отвореното првенство на САД, па деновиве добива микс од поддршка и критики од сите страни. Поранешниот тренер на Ѓоковиќ и ексчешки тенисер, Радек Штепанек, има разбирање за Србинот и му дава поддршка.

„Знам дека е многу тажен и потресен. Тој страда бидејќи тоа го направи без намера и тој факт само му ја зголемува болката. Знаеме колку е гладен за трофеи и сака да стане играч со најмногу гренслем титули во историјата. Увереноста дека знаеше дека трофејот на овој турнир му беше на дофат и сите тие околности го прават уште потажен, знае и самиот дека тоа што го направи беше погрешно“, изјави Штепанек.

Штепанек додава дека Новак е под голем притисок бидејќи бројните критики го надвладеаја.

Поради удирањето на линиската судијка Лора Кларк со топче во пределот на грлото, Ѓоковиќ доби парична казна за непојавување на прес-конференција, нема да добие пари и поени за пласманот во осминафиналето и претрпе службен пораз против Пабло Карењо Буста, а Шпанецот доцна вечерва игра полуфинале против Александар Зверев.

- Оглас -

Најнови вести