Првиот носител и бранител на трофејот, Новак Ѓоковиќ, се пласира во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија откако во осминафиналниот дуел против 19-тиот тенисер на светот загуби само три гема.
Ѓоковиќ на „Род Лејвер“ арената за само 106 минути со 6:0,6:0,6:3 го победи Адријан Манаринно и по 14-ти па во кариерата се пласира меѓу осумте најдобри во Мелбурн.
Во првите два сета, Ѓоковиќ беше неверојатен, не му дозволи на противникот да освои ниту еден гем правејќи по три брејкови и за само 69 минути поведе со 2-0 во сетови.
Во тие моменти интересна реакција имаше Манарино кој со насмевка направи две нули на очите алудирајќи на моменталниот резултат.
https://twitter.com/TheTennisLetter/status/1748919187496686080
Третиот сет траеше најдолго, 37 минути, и во него имаше само еден брејк кој се покажа доволен за победата на Ѓоковиќ. Новак брејкот го направи во четвртиот гем кога поведе со 3-1 и без проблеми ја одржуваше предноста која на крајот го однесе меѓу осумте најдобри.
Следен противник на Ѓоковиќ ќе му биде Американецо Тејлор Фриц кој во четири сета го елиминира финалистот од минатата годима, Стефанос Циципас и тоа со 7:6,6:7,6:3,6:3.
Кај дамите, шампионката од САД опен, Коко Гоф со 6:2,6:1 ја победи Фреч од Полска, додека втората носителка Арина Сабаленка со 6:3,6:2 ја совлада Анисимова.