22.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Новак ги загрижи фановите: Зглобот не изгледа добро

Новак Ѓоковиќ утринава го совлада чешкиот тенисер Јиржи Лехечка во три сета (6:1,6:7,6:1) во Јунајтед купот, но ги загрижи навивачите пред главниот настан на почетокот од Новата година, настапот на Отвореното првенство на Австралија.

Новак во текот на мечот со Лехечка неколку пати побара лекарска помош поради проблеми со зглобот на раката и со изјавата по мечот ги загрижи фановите.

„Не изгледа добро, но успеав да победам. Ова не е ниту прв, ниту последен пат да се случуваат вакви работи. Мора да се пронајде некое решение, ќе видиме што ќе се случува во наредните денови“, изјави Ѓоковиќ.

Неговото место во мечот во мешани двојки го зазеде Хамад Меѓедовиќ, кој заедно со Олга Даниловиќ беа подобри од Ноуза и Колодзејова со 4:6, 7:6, 10:8. Со оваа победа Србија обезбеди пласман во четвртфиналето на Јунајтед купот кој се игра во Перт.

- Оглас -

Најнови вести