Новак го „смачка“ противникот и во еден сет му дозволи да освои само седум поени

Новак Ѓоковиќ на доминантен начин стартуваше во првото коло од гренслем-турнирот во Париз. Србинот без никакви проблеми со 3:0 во сетови го победи Микаел Имер од Шведска, кој е на 80-тото место на АТП-листата.

Уште од самиот старт Ѓоковиќ наметна силно темпо, па првиот сет заврши експресно само за 20 минути. Имер не само што не освои ниеден гејм, туку во текот на целиот сет успеа да освои само седум поени. Во вториот сет беше 2:2, кога Ноле повторно реши да го зголеми темпото и го доби тој сет со 6:2. Третиот сет беше само рутинска обработка на Србинот и заврши со 6:3 во корист на фаворитот. Мечот на крајот траеше точно 99 минути.

Од дуелите кои денеска се одиграа, Кевин Андерсон со 3:0 во сетови го елиминираше Србинот Ѓере, Лајовиќ немаше проблем со Магер и победи со 3:0, а Беретини без загубен сет го елиминираше Посписил.

 

- Оглас -

Најнови вести