5.8 C
Skopje
недела, 25 јануари 2026

Новак Ѓоковиќ без борба во четвртфинале на АО

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во четвртфинале на Австралија опен, откако неговиот противник, Јакуб Меншик од Чешка, се откажа поради повреда.

„Ова е тешко да се напише. Откако направивме сè што можеме за да продолжиме понатаму, морам да се откажам од Австралија Опен поради повреда на стомачните мускули која се влоши со последните мечеви. По долги разговори со тимот и докторите донесовме одлука да не играм. Иако сум разочаран, пласманот во четвртото коло за првпат е нешто што долго ќе го носам со себе.” – напиша чешкиот тенисер.

Србинот вака добива дополнително време за одмор, но и за подготовка за завршните борби во Мелбурн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести