0.8 C
Skopje
среда, 14 јануари 2026

Нoвак Ѓоковиќ ги загрижи фановите: Тренингот во Мелбурн траеше само 12 минути (Видео)

Новак Ѓоковиќ е во очекување на почетокот на првиот гранслем-турнир во годината, Отвореното првенство на Австралија, но навивачите кои присуствувале на неговиот тренинг во Мелбурн си заминаа дома загрижени.

Попладневниот тренинг во 17 часот по австралиско време траел само 12 минути, а Србинот воопшто не фатил рекет во рака. Тренерот Миљан Амановиќ постојано го масирал, а според присутните, сето тоа изгледало многу болно.

Србинот во последниот период има големи проблеми со повредите и заморот, па навивачите очекувано си го поставуваат прашањето дали повторно настапот на Ѓоковиќ е под знак прашалник.

 

- Оглас -

Најнови вести