По триумфот на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ реши да се релаксира со тоа што својот летен одмор ќе го мине на хрватското приморје, поточно на островот Корчула. Ноле и сопругата Јелена преку ден уживаат во убавините на островот и Јадранското Море, а вечерва седнаа во еден ресторан и запеаја песна од покојниот Оливер Драгојевиќ.
Клапата која свиреше и пееше доби поддршка од Новак и сопругата, а и текстот на песната веројатно е соодветен за тоа што го чувствуваа сите кои се најдоа во близина на Србинот кој не крие дека Хрватите ги чувствува за блиски. „Кога ќе ми дојдеш ти, и ќе ми ја вратиш насмевката, целото патење и болка во животот ќе ми поминат“ е дел од текстот на песната.