21.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Новак Ѓоковиќ изненаден во Бања Лука, рече дека најопасен противник му е еден Србин!

Светскиот рекет број 1, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, својот прв настап на АТП 250 турнирот во Бања Лука, ќе го има задутре против Французинот Лук Ван Аш, со што е спречена нова пресметка на старите познаници Ѓоковиќ и Станислас Вавринка.

И Ѓоковиќ рече дека е изненаден од поразот на искусниот Швајцарец, но го пофали 18-годишниот Ван Аш, кој триумфираше и покрај тоа што првиот сет го загуби со 1-6.

Го прашаа Новак кој му е најсериозен противник, а даде интересен одговор.

„Има еден Србин, него ако го совладам, можам секого да победам. Се вика Новак Ѓоковиќ. Тој секогаш ми бил најголема пречка. Таа борба со самиот себеси е постојана, сакаш да се доведеш во психофизички баланс и да одиграш како што сакаш“ – рече Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести