Новак Ѓоковиќ како најдобар тенисер во светот и актуелен бранител на тронот на Вимблдон, очекува нов пехар на неофицијалното светско тениско првенство. На популарниот Ноле засега му оди одлично, а за да остане во добро расположение Србинот ја пееше и легендарната песна „Македонско девојче“.
Ѓоковиќ преку социјалната мрежа Инстаграм ги прашуваше своите фанови која песна сака да им ја запее, а посебно се израдува кога му ја „нарачаа“ Македонско девојче и со задоволство ја запеа.