5.8 C
Skopje
сабота, 28 февруари 2026

Новак Ѓоковиќ може да постави еден светски рекорд, а не сака да зборува за тоа

Во оваа календарска 2026 година, српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ би можел да ја надмине сумата од 200 милиони долари заработка само од парични награди од турнири.

Според достапните информации, неговиот моментален вкупен награден фонд од турнири е 192.688.360 долари.

Најдобриот тенисер во историјата следно ќе игра на Мастерсот во Индијан Велс, каде што беше поразен на самиот почеток минатата сезона. Потоа треба да го гледаме и во Мајами, каде што стигна до финалето во 2025 година, а многумина се прашуваат дали е подготвен да освои за уште еден гренслем, 25-ти во кариерата. Доколку успее, би можел да ја пробие границата од 200 милиони долари во заработка во кариерата.

Иако започна револуција во „белиот спорт“ кога ја формираше Професионалната тениска асоцијација (PTPA) и генерално беше најгласен кога стануваше збор за ниските плати, тој верува дека парите не се мерка за успех. Тој го разјасни ова за време на интервјуто со Пирс Морган, кој го изненади со прашањето: „Колку си заработил досега? Дали знаеш? Приближно. Дај ми приближна вредност?“

„Не сакам да зборувам за тоа, Пирс. Не ми се допаѓа. Денес живееме во материјалистичко општество. Само велам дека не сум таков. Не ми се допаѓа… го знаете мојот тим и мојот агент, знаете дека не сакаме да ги дадеме сите информации на Форбс, на пример, колку вредам или какви се инвестициите, знаете дека тоа не е нивна работа“, рече Новак и дополнително појасни:

„Зошто би го открил тоа? Од која причина? Парите се многу важни и носат сигурност, нема сомнение за тоа, и тие се апсолутно, знаете, една од движечките сили на денешното општество. Не можете да ја игнорирате важноста на парите. Но, ако парите се единственото нешто за кое размислувате… Мислам, барем во мојот случај и според моето искуство, јас сум спортист, па за мене тоа е еден вид модел на меритократија. Ако победам во тениски натпревар или освојам турнир, сум награден. Добивам спонзорски договори итн“.

 

- Оглас -

Најнови вести