Синот на Новак Ѓоковиќ, Стефан, е фан на кошаркарскиот клуб Партизан, па затоа и најдобриот светски тенисер кој јавно се произнесува како симпатизер на Црвена ѕвезда, може да се сретне и на мечевите на Партизан во Евролигата.
„Ме прашуваат како сум можел да дозволам како татко кој навива за Ѕвезда, синот да му биде за Партизан. Не му дозволив ништо, суштината е дека му дадов сам да избере за кој клуб ќе навива. Но, му реков дека во првиот момент ако го слушнам како ги навредува играчите на Ѕвезда, веќе нема да оди на натпреварите на Партизан. Може да навива за Партизан, но ако пее погрдно кон Ѕвезда или некој друг тим, веќе нема да оди во сала. Тој го знае тоа, и засега го почитува договорот“ – вели Новак.