24.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Новак Ѓоковиќ на денешен ден пред 20 години го освои првиот турнир, останатото е историја (Фото)

Денешниот датум, 24-ти јуни, е посебен за најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, бидејќи на оваа дата пред точно две децении, во 2003 година, тој го освои првиот трофеј во кариерата.

На терените на ТК Црвена ѕвезда во Белград, тогаш 16-годишниот Новак во финалето на фјучрс турнирот Србија и Црна Гора, го совлада Сезар Ферер-Викторија со 6-4, 7-5, и ја освои првата од многуте титули во кариерата кои следуваа подоцна.

Сега Ѓоковиќ е 23-кратен освојувач на грен-слем турнири, има вкупно 94 АТП титули и рекордни 389 недели бил број 1 на АТП листата.

- Оглас -

Најнови вести