23.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Новак Ѓоковиќ најавува: „Една ера полека завршува!“

Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата на тенисот и според бројот на освоени грен-слем турнири и според бројот на поминати недели на врвот на АТП листата. Србинот, заедно со Надал, Федерер и Мареј обележаа една ера во тенисот, но на се доаѓа крајот, а Ѓоковиќ е свесен за тоа.

– „Рафаел Надал и Роџер Федерер, заедно со Енди Мареј, беа неразделен дел од мојот развој како играч и се што постигнав. За тоа е заслужно ривалството со нив. Сите знаеме дека еден ден ќе дојде крајот, кога не знаеме, но тој ден ќе дојде. Роџер ја заврши кариерата, јас и Рафа нема да играме уште многу, една ера завршува. Од друга страна, имаше толку многу добри натпревари и убави моменти, рекорди кои ги поставивме поединечно, но и заедно. Можеби најголемото ривалство во историјата на спортот.“ – рече Новак Ѓоковиќ.

Србинот се осврна и на повлекувањето од Индијан Велс на Рафаел Надал, кој повторно има проблеми со повредата на коленото.

– „Да видиме уште колку можеме. Тажно е тоа што Рафа мораше да се повлече. Патувавме заедно до САД. Не беше планирано, но беше убаво да се сретнам со него и со неговото семејство. Дојде порано за да се прилагоди со временската разлика. Тренираше многу за да се подготви, даде се од себе.“ – додаде србинот.

Новак Ѓоковиќ првиот натпревар на Мастерсот во Индијан Велс го игра утре против Вукиќ од Австралија.

- Оглас -

Најнови вести